Вчера на Граничен премин Табановце од страна на полициски службеници од Полициска станица Табановце е извршен преглед на патничко возило „порше кајен“ со романски национални ознаки, управувано од Ј.О.(60) од Република Турција.

При прегледот во возилото се пронајдени и одземени непријавени парични средства во износ од 31.000 евра.

Паричните средства се предадени на Царинска управа, а лицето е предадено и задржан за понатамошна постапка и по целосно документирање на случајот против него ќе биде изготвен соодветен поднесок.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.