ЦУК информира дека во последното деноноќие имало најмалку 19 евидентирани „зимски“ пожари за запалена нискостеблеста шума и друга вегетација, а пожарникарите гаснеле и отпадоци, ѓубришта и запалени контејнери на отворено на територијата на државата.

Биле ангажирани пожарникарите во одредени региони за гаснење и по пет пожари на отворено. Биле ангажирани пожарникари и тимови од: Скопје (5 пожари), Прилеп, Крушево, Струмица (4 пожари), Радовиш (2 пожара), Гевгелија, Охрид, Кичево, ЈП „Национални шуми“ подружница „Бабуна“ од Велес, Неготино (2 пожара), Виница, Кочани, Куманово, Старо Нагоричане (5 пожари), Ранковце и од Национален Парк „Шар Планина“.

Инаку, последниот пожар на отворено бил синоќа во 20:15 часот помеѓу селата Урвич и Ново село, Општина Боговиње на околу 400 метри над патот. Горела смрека, сува трева и ниски растенија на карпест предел и нема опасност од проширување кон висока квалитетна шума, според одговорните лица на Национален Парк „Шар Планина“, коишто биле на местото на пожарот и самите за релативно кратко време успеале да го локализираат пожарот. Во 21:40 часот, а била зафатена површина од 2 до 3 хектари со смрека, гранки, ниска вегетација во карпест предел, при што немало опасност да се зафати со оган квалитетна шума, информираат од ЦУК.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.