Во текот на вчерашниот ден биле регистрирани 45 пожари и сите се изгаснати. Инаку, вкупно викендов имаше вкупно 71 пожар, при што гореле стрништа, сува трева, ниска вегетација, мешана шума и борова шума и депонии, во речиси сите општини.

Според информациите што стигнале до Секторот за операции и координација во Центарот за управување со кризи (ЦУК), противпожарните тимови, некаде помогнати и од месното население, а и со поддршка на воздухоплови на ДЗС и на МВР, ги изгаснале сите пожари на отворено што гореа овој викенд и беа опасност за граѓаните, материјалните и природните добра во државата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.