Во 10 часот утрово е локализиран пожарот во Општина Ново Село на планината Огражден кај место викано „Хаџиица“, информира Регионалниот центар за управување со кризи – Струмица.

Со пожарот беше зафатена букова и млада јасикова шума, сува трева и папрат.

Според ЦУК, површината зафатена од пожарот дополнително ќе се утврдува.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.