Сите 20 пожари на отворен простор се изгаснати, известува Центарот за управување со кризи.
Како што информира ЦУК, пожар имало во општина Дојран и општина Богданци, месност „Стара Караула Допчели“ (каде што горела ниска и мешана шума), каде што противпожарните екипи се на терен и се уште вршат контрола на евентуално можна појава.
Пожари имало во општина Струмица, село Просениково – село Сарај, општина Гази Баба, 2, населба „Камник“ кон населба „Железара“ и улица „Зенден Џемаил“ кај Кванташки пазар, општина Студеничани, 2, село Количани и село Моране, општина Сарај, село Лубин, општина Струга, 2, село Татеши и село Ложани, општина Прилеп, 4, село Галичани, патот за Битола, фабриката „11 Октомври“ и над градинката „Гоце Делчев“; општина Битола, 2, Индустриски пат и помеѓу селата Беранци и Српци; општина Штип, месноста Суитлак; општина Гостивар, село Србиново.
Ниска вегетација горела во општините Желино и Долнени, а нискостеблеста шума во општина Липково, над село Никуштак.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.