На 29.06.2023 во 18.40 часот било пријавено дека во Куманово на ул.„Кирил и Методиј“ патничко моторно возило „цитроен“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Ѓ.Г.(32) од Куманово, удрило во велосипед управуван од малолетник од Куманово.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Општата болница Куманово.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.