Во текот на минатата недела, царинските службеници открија повеќе обиди за криумчарење, при што привремено се задржани рачни часовници, мобилни телефони, девизи, лекови, козметички производи, цигари и друго.

Како што соопштуваат од Царинската управа, пет мобилни телефони I phone 16, откриени на Меѓународниот аеродром Скопје, при контрола на патните торби на македонски државјанин кој допатувал со лет од Истанбул.

Четири рачни часовници марка ROLEX, се откриени на Меѓународниот аеродром Скопје, при контрола на патните торби на македонска државјанка која имала намера да отпатува со лет за Милано.

Царината отрки и 16.250 евра, во три одвоени случаи од страна на мобилните царински тимови, кај тројца македонски државјани пријавени за излез од државата на граничниот премин Табановце автопат.

Царината заплени и 20.184 таблети, 2.880 капсули, 35 пакувања креми, 12 туби гел, 37 спрејови, 36 ампули, 28 пакувања сирупи и 14 лосиони откриени при контрола на автобус со турски регистарски таблички, кој сообраќал на релација Истанбул – Призрен, пријавен за влез во државата на граничниот премин Деве Баир.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.