Тројца пешаци и возач се повредени вчера во само неколку часа во две одделни несреќи во Скопје.

Утрото во 08.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Иван Хаџи Николов“ во Скопје, патничко возило „фиат пунто“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.Ј.(57) од с.Долно Лисиче, удрило во пешакот Ј.Т.(37) од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Во 14.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во с.Визбегово, скопско, патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Џ.Ј.(52), удрило во пешаците Љ.С.(79) и И.Т.(61), двајцата од с.Визбегово.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле двајцата пешаци и возачот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и Градската општа болница „8 Септември“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.