Тројца малолетници се приведени откако биле затекнати при обид да извршат кражба од патничко моторно возило „фиат“ со скопски регистарски ознаки, соопштуваат од МВР.

Притоа, кај нив бил најден мотоцикл „априлија“ со скопски регистарски ознаки на кој превезувале предмети одземени на 29/30.06.2023 од други четири патнички возила, со што биле расчистени пет кривични дела „тешка кражба“, од кои едното во обид.

Како што велат од полицијата, во присуство на родителите извршени се разговори со малолетниците кои го појасниле начинот на кој ги сториле кривичните дела, исто така одземените предмети им се вратени на сопствениците. За случајот е известен Јавен обвинител и по негово целосно документирање ќе биде поднесен соодветен поднесок.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.