На 13.01.2024 во 21.40 часот во Скопје на подрачје на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода О.К.(23) од Скопје, поради тоа што кај него била пронајдена и одземена прашкаста материја.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 13.01.2024 во 23.40 часот во Скопје на подрачје на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишиле од слобода малолетник од с. Арачиново, скопско, поради тоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 14.01.2024 во 00.20 часот во Скопје на подрачје на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода А.В.(43) и Ф.С.(28) двајцата од Скопје, поради тоа што кај нив била пронајдена и одземена бела прашкаста материја и марихуана.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 14.01.2024 во 01.20 часот во Скопје на подрачје во Карпош полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.Г.(42) од Скопје, поради тоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.