Мобилната единица за безбедност во сообраќајот на патиштата во текот на изминатата вечер 13/14. 01.2024 спровела акциска контрола за санкционирање на возачи кои возат под дејство на алкохол во околината на Скопје при што вкупно се санкционирани 19 возачи.

Кај еден возач кој бил запрен во општина Петровец биле измерени 3,7 промили алкохол во организмот. Тој е исклучен од сообраќај и против него се поднесени соодветни поднесоци.

Министерството за внатрешни работи известува дека продолжува со акциските контроли за санкционирање на сообраќајните прекршоци.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.