На 16.01.2022 во 16.45 часот на подрачјето на Центар полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Н.М.(24) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена марихуана. Со него бил и В.М.(19) од Скопје, кој бил приведен поради тоа што кај него бил пронајден нож. По документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

На 17.01.2022 во 16.20 часот на подрачјето на Аеродром полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ја лишиле од слобода А.С.(21) од Скопје, затоа што кај неа била пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.


Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.