Вчера во 08.45 часот во Полициската станица Гостивар било пријавено дека на магистралниот пат Гостивар-Маврово се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „рено“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Б.(74) од Скопје, патничко возило „опел корса“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Г.Т.(42) од Скопје и патничко возило „хјундаи“ со косовски национални ознаки, управувано од Ф.И.(60) од Косово.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот Т.Ѓ. од возилото „рено“, а со телесни повреди се здобил возачот А.Б. констатирани во Општата болница Гостивар.

Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Гостивар.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.