Вчера околу 18.30 часот во Полициската страница Валандово било пријавено дека на регионален пат 1401, делница помеѓу Валандово и село Костурино, струмичко, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „бмв“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Д.С.(62) од с.Колешино, струмичко, патничко возило „сузуки“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.М.(60) од Скопје и патничко возило „пасат“ со радовишки регистарски ознаки, управувано од М.Д.(59) од с.Злеово, радовишко.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Л.Д.(64) од с.Чифлик, пехчевско, а со телесни повреди се здобила Т.Ј.(40) од с.Злеово, радовишко, и двете сопатнички од возилото „пасат“, констатирани во Медицински центар Струмица.

Увид на местото извршила екипа на ОВР Валандово.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.