Пет лица се повредени, меѓу кои тешко една малолетна девојка, во судирот што се случил вчеравечер во Бутел.

Како што соопшти МВР, во 18.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница на бул.„Босна и Херцеговина“ и сервисна улица се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Т.(19) од Скопје, патничко моторно возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ј.Д.(29) од Скопје и патничко моторно возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ф.С.(56) од Скопје, по што удриле во тројца пешаци.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобилa малолетничка-пешак, а со телесни повреди се здобиле уште две малолетнички-пешаци, како и возачите Ј.Д. и Д.Т., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ и Градска општа болница „8-ми Септември“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.