Три екипи на Противпожарнарната единица  го гаснеле пожарот во напуштена семејна куќа на улицата „Моша Пијаде“ што избувна вчера во Куманово, информираа денеска од Регионалниот центар за управување со кризи Куманово и од Територијалната противпожарна единица.

Пожарот во Противпожарната единица бил пријавен вчера во 17:25 часот.

Фото: Биљана Спасиќ Митковска

На терен пристигна прво една екипа со едно возило, која откако видела дека станува збор за поголем пожар повикала и друга екипа со уште едно возило. Во текот на гаснењето беше повикана уште една екипа со возило. Пожарот е изгаснат во 20:35. Утрово уште екипата е таму за да изврши контрола, изјави командирот на ТППЕ Куманово Дејан Илиевски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.