Четири деца се повредени, од кои три се здобиле со тешки повреди, во три одделни сообраќајќи што се случија вчера низ Скопје.

Прво, во 15.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„АСНОМ“ во Скопје, патничко возило „тојота“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.М.(20) од Скопје, удрило во велосипед управуван од малолетник од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, а со телесни повреди се здобил и малолетен сопатник од велосипедот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Во 20.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Серава“ во Скопје, велосипедист удрил во пешак-малолетничка, по што го напуштил местото. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетничката, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Во 21.03 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од ул.„Хасан Приштина“ и бул.„Словенија“ во Скопје, патничко возило удрило во малолетен пешак и го напуштило местото. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.