Евакуиран е и последниот станар во зградата во којашто вечерва изгореа два стана на улицата „Широк дол” во Штип.

Извлекувањето на последниот станар е извршено со помош на полицијата, бидејќи не сакал да излезе од својот дом.

Пожарникарите и полицијата сѐ уште се пред зградата, во која пожарот одамна е изгаснат, а претходно беа евакуирани сите станари.

Како што претходно објавивме во гаснењето на пожарот на зграда на ул.Широк Дол бр.5 беше вклучена и нова смена на пожарникери од ТППЕ Штип каде што на местото на пожарот интервенираат 14 пожарникари со 4 ПП возила.

Пожарот на двата стана е на трети кат.

Поради чадот дошлоо до гушење на едно лице на кое не се забележуваат видливи поврди истото е превземено од Брзата помош и му е дадена кислородна подршка и е надвор од животна опасност.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.