Трагична несреќа се случила вечерва во населбата Илинден во Скопје.

Според информациите малолетно девојче починало откако експлодирала цистерна кај железничката станица во складиштето на Макпетрол.

Како што дознава А1он до експлозијата дошло откако малолетници од засега непознати причини ја опожариле цистерна која потоа експлодирала. Не е познато дали двете малолетни деца кој ја опожариле цистерната и починатото малолетно девојче биле заедно.

Од МВР за А1он го потврдија случајот, но немаат потврда за починато лице бидејќи увидот на терен се уште трае.

Повеќе на А1.он

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.