Уште едно лице е приведено за поврзаност со убиството на матичниот лекар во Железара кој беше пронајден во своето возило „киа рио“ со девет убодни рани.

Информацијата ја потврди техничкиот министер за внатрешни работи, Панче Тошковски.

Приведени се вкупно три лица. Претресот е завршен во доцните часови. Се продолжува со други истражни дејствија, се со цел да може да се утврди соодветната фактичка состојба. Така што, за нови дополнителни информации, јавноста ќе биде дополнително известена, рече Тошковски, одговарајќи на новинарско прашање во Струмица.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.