Осумнаесетгодишниот тетовец Ш.И., вчеравечер во СВР Тетово пријавил дека на улица „Киро Ристевски-Дрнц“ во Тетово околу 21 часот физички бил нападнат
од неколку лица.
Претходно, како што пријави, тој со неговото патничко моторно возило „фолксваген поло“ со тетовски регистарски ознаки удрил во малолетно лице и кога излегол да види што се случило уследил нападот.
Малолетникот се здобил со телесни повреди констатирани во тетовската Клиничка болница.
Се расчистува и документира случајот, велат од СВР Тетово.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.