18-годишен скопјанец е осомничен дека украл велосипед вреден околу 1.600 евра од повозрасен сограѓанин, по што го продал на 20-годишно момче, соопшти МВР.

„На 20.03.2023 во Скопје, поицајци од Полициската станица Кисела Вода го уапсиле Л.Д.(18) од Скопје. Тој се сомничи дека на 15.03.2023 одзел велосипед од Д.К.(58) од Скопје, при што се стекнал со противправна имотна корист од 105.000 денари. Во службен разговор во полициска станица тој го признал делото и изјавил дека велосипедот го продал на А.А.Ѓ.(20) од Скопје, а посредувал М.Л.(18) од Скопје, кои знаеле дека е украден“, велат од МВР.

За настанот бил известен обвинител и по негово целосно документирање, против тројцата ќе бидат поднесени соодветни пријави, додаваат од полицијата.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.