Осумнаесетгодишен мопедист е тешко повреден во сообраќајна несреќа што вечерва се случи кај Собранието.
Како што соопштува МВР, во сообраќајна незгода учествувале автомобил управуван од 44-годишниот К.Д. и мопед кој го возел 18-годишниот Д.К. и двајцата од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот, кој бил префрлен во болницата „Св.Наум Охридски“.
Надлежни екипи извршија увид.
Фото: Макфакс
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.