На 18.06.2024 во 17.20 часот во СВР Куманово било пријавено дека на регионалниот пат Куманово – Липково, во с.Оризаре, липковско, патничко возило „опел зафира“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Р.А.(21) од с.Никуштак, општина Липково, излетало од коловозот.
Во несреќата од здобиените повреди на местото починал сопатникот Р.А.(19) од с.Никуштак, а лекар од Здравствен дом Липково констатирал смрт. Возачот Р.А. се здобил со телесни повреди, констатирани во болницата во Куманово.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.