На ул.„Черења“ во Штип, синоќа во 19.25 часот полициски службеници од Оперативен тим потраги во содејство со Специјална антитерористичка единица „Тигар” го лишиле од слобода Е.М.(32) од Штип, кој бил баран по Централна потерница од Казнено-поправната установа Затвор Штип заради бегство од установата.
Од МВР денеска информираа дека тој e осуден на вкупна казна затвор од 12 години и пет месеци за повеќе сторени кривични дела, а имал за доиздржување уште пет години и два месеца.
Лицето било предадено во Казнено-поправната установа Затвор Штип за издржување на казната.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.