Твајца тетовци на околу 40 години се степале пред кафеана во градот, соопшти СВР Тетово. Според полицискиот билтен, вчера околу 21 часот било пријавено дека пред угостителски објект во Тетово бил нарушен јавниот ред и мир со физички напад извршен од А.Ј.(42) врз В.Ц. (40), двајцата од Тетово. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Утрово, пак, околу 03.25 часот, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода С.Б. (22) од Гостивар затоа што пред спортска обложувачница на ул. „18 Ноември“ го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување кон И.С. (47) од Гостивар, вработен како обезбедувањето во обложувачницата.
На 31.08.2024 во 21.50 часот во ОВР Гостивар, 35–годишен гостиварец пријавил дека во семејниот дом бил физички нападнат од неговата сопруга М.В.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.