Во периодот од 9 до 14 часот вчера полициски службеници на СВР Тетово спровеле акциска контрола на возила кои вршат јавен превоз на патници, претежно автобуси и комбиња. При контролата биле откриени и санкционирани шест технички неисправни возила (ТЕ-5 и ГВ-1), од кои 5 (ТЕ) имале неисправни сопирачки, а 1 (ГВ) било со неизвршен технички преглед.

Сите неисправни возила веднаш се исклучени од сообраќај и на нивните возачи изготвени им се соодветни поднесоци. Ваква контрола, исто така, била спроведена и од 06 до 10 часот, во која биле санкционирани 4 технички неисправни возила (ТЕ-1 и ГВ-3). Две возила (ТЕ-1 и ГВ-1) имале неисправни сопирачки, 1 (ГВ) неисправен уред за управување и 1 (ГВ) неизвршен технички преглед, а констатиран бил и 1 (ТЕ) друг вид на сообраќаен прекршок. Покрај тоа, санкционирани биле и 5 возачи (ТЕ) кои вршеле јавен превоз без потребните документи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.