Полициски службеници од СВР Тетово, вчера го привеле Н.С.(33) од тетовско село поради физички напад врз неговата 31-годишна сопруга.
Од МВР известуваат дека подоцна, по наредба на јавен обвинител, бил извршен претрес во неговиот дом, при што биле пронајдени и одземени неколку пакувања со хероин и други предмети поврзани со делото.
Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.