Вчера во 14.48 часот во СВР Штип било пријавено дека во с.Лакавица, штипско, патничко возило „фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Џ.Д.(30), удрило во велосипед, управуван од малолетник, двајцата од с.Лакавица.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Клиничка болница Штип.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.