Денеска (15.09.2024) во 00.45 часот во Полициската станица Неготино било пријавено дека на крстосницата од ул. „Индустриска“ и локалниот пат за с. Курија, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „шевролет“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од Д.В.(34) од село Возарци, кавадаречко и мотоцикл со велешки регистарски ознаки, управуван од малолетник од село Виничани, општина Градско.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетен сопатник од мотоциклот од село Виничани, констатирани во Градската општа болница Кавадарци, додека со телесни повреди се здобил возачот на мотоциклот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.