Вчера во 12.00 часот во ОВР Гостивар било пријавено дека на ул.„Беличица“ во Гостивар, патничко возило „сеат“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од А.Ш.(66) од с.Лакавица, гостиварско, удрило во пешакот Л.И.(70) од Гостивар.

Како што соопштуваат од СВР Тетово, во несреќата, Л.И. се здобила со тешки телесни повреди констатирани во Општата болница „Ферид Мурад“ во Гостивар.

Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Гостивар.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.