Вчеравечер во 23.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Никола Карев“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген поло“ со скопски регистарски ознаки, управувано од З.С.(27) од Скопје и автобус „ман“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Т.М.(65) од село Стајковци, скопско, при што бил удрена и 26-годишната Е.Ф. од Скопје (пешак).

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Е.Ф., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.