Вчера во 13.05 часот во ОВР Гостивар, од Медицински центар Гостивар било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен Р.Н.(29) од гостиварски Стар Балин Дол.
Според пријавеното, тој се здобил со повредите при извршување градежни работи на новиот магистрален пат Гостивар-Кичево од „Коридор 8“. Во врска со
настанот, од слобода бил лишен А.М.(31) од Република Турција со привремен престој во Гостивар.
Екипа од ОВР Гостивар извршила увид на местото и за настанот бил запознаен трудов инспектор.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.