Вчера во 18.30 часот во СВР Струмица било пријавено дека на магистралниот пат Радовиш – Струмица, во с.Владевци, струмичко, се случила сообраќајна несреќа помеѓу трактор „ИМТ 53“ без регистраски ознаки, управуван од В.С.(61) од село Едрениково, општина Василево и патничко возило „волво‘‘ со радовишки регистарски ознаки, управувано од Н.Р.(65) од село Покрајчево, радовишко.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на тракторот, констатирани во Медицинскиот центар Струмица. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Струмица.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.