Дваесет и тригодишен скопјанец се здобил со тешки телесни повреди при извршување работни задачи во фирма на подрачјето на Гази Баба.

Како што соопшти МВР, случајот вчера во СВР – Скопје бил пријавен од Градската општа болница „Свети Наум Охридски“.

-Од Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ Скопје било пријавено дека кај нив за укажување помош дошол М.Н.(23) од Скопје, кој пријавил дека се здобил со повреди на 04.06.2024 при извршување работни задачи во фирма на подрачјето на Гази Баба. Лекар констатирал тешки телесни повреди и за настанот бил известен трудов инспектор, наведуваат од МВР.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.