Вчера во 15.00 часот во Полициската станица Радовиш било пријавено дека на булевар „Александар Македонски“ во Радовиш, В.М.(50) од Радовиш, управувајки патничко возило „фолксваген пасат“ со радовишки регистарски ознаки, удрило во пешак М.П.(71) од Радовиш.

Во несреќата, пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Здравствен дом Радовиш, а увид на местото извршила екипа на Полициската станица Радовиш.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.