Вчера во 19.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на регионалниот пат Скопје–Велес, во с.Ржаничино, скопско, патничко возило „сузуки“, со скопски регистарски ознаки, управувано од И.П.(45) од с.Петровец, удрило во З.М.(59) од с.Ржаничино.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.