Вчера во СВР Битола е пријавено дека во 21.15 часот на магистралниот пат А-3 Ресен – Буково кај место викано Леворечки мост се случила сообраќајна несреќа во која патничко моторно возило „хонда” со охридски регистарски ознаки, управувано од Д.Н.(38) од Охрид, излетало од коловозот.

Во несреќата Д.Н. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид.

Увид извршила увидна екипа на ОВР Ресен.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.