Вчера во 11.50 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека кај с.Обршани, прилепско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес” со прилепски регистарски ознаки, управувано од П.Д.(25) од с. Пашино Рувци, прилепско и мотоцикл без регистарски ознаки, управуван од 15 – годишник од с.Обршани.

Во несреќата, малолетникот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градска болница Прилеп.

Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа на ОВР Прилеп.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.