Доцна синоќа по 1 часот по полноќ, се случи тешка сообраќајна незгода кај Подмоље, поточно делницата која е во градба, во непосредна близина на Алдо, со загуба на млад човечки живот, пишува Охрид 1.

На 21.02.2022 година во 00:35 часот на магистралниот пат Охрид-Кичево, во близина на селото Подмолје, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничките моторни возила со охридски регистарски ознаки: „Ауди“ управувано од 24 годишен жител од селото Белчишта, општина Дебарца и „Фолксваген Поло“, управувано од 30 годишен Охриѓанец. На местото на несреќата починал возачот Х.К., а екипа на Итната медицинска помош констатирала смрт додека возач на возилото „Ауди“ се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во болницата „Св.Еразмо“. Врз телото на починатиот ќе биде извршена обдукција. Увид на местото на незгодата извршија јавен обвинител и полициски екипи, информираа од СВР Охрид.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.