Тешка сообраќајна несреќа се случи вечерва во Бутел, пренесува „Скопје 1“. Две возила, од кои едното е марка „ауди“ се судрија на булеварот „Босна и Херцеговина“. Предниот дел на второто возило е целосно искршен. На булеварот се распрскани и делови од возилата, како и течност.

Полиција во моментов прави увид, по што ќе се знаат повеќе детали.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.