Тешко повредени се две лица во сообраќајна несреќа што се случи на автопатот Штип – Миладиновци кај бензинска станица кај Свети Николе. Несреќата ја потврди и портпаролот на СВР Штип, Гордана Панајотова.
Сообраќајката се случила околу 13:00 часот помеѓу возило „Голф“ со радовишки регистарски таблички и „Ауди“ со скопски регистарски таблички. Возилата се движеле во ист правец.
Според информации од Клиничка болница-Штип, две лица на возраст од 27 и 41 година, односно возачот и сопатникот од возилото „Голф“ се прегледани во Клиничка болница Штип, но поради тешките повреди на карлицата и долните екстремитети се пренесени во Скопје.
Увид извршил Основен јавен обвинител и полициски службеници од ОВР Свети Николе.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.