Вчера околу 20.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од регионален пат Скопје-Велес, регионален пат 1106 и ул.„5“ во с.Јурумлери се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „цитроен“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Б.(35) од Кочани и мопед „априлиа“ со скопски регистарски ознаки, управуван од А.Н.(21) од Скопје.

По несреќата возачот А.Н. бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ каде му биле констатирани тешки телесни повреди.

Увид на местото на несреќата извршила екипа од СВР Скопје.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.