Едно лице го загуби животот, а повеќе се повредени во сообраќајна несреќа која попладнево се случи на патот Охрид-Кичево после Ново Село.

Според првичните информации во несреќата учествувале три возила.

Портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димовски потврдува дека имаат пријава за сообраќајна несреќа, но повеќе информации во овој момент не може да соопшти.

-Случена е сообраќајна несреќа, увидот се уште трае. Повеќе информации за сообраќајната несреќа во текот на утрешнот ден, вели Димовски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.