Тешка сообраќајна несреќа се случила попладнево во близина на Трговскиот центар „Бисер“ во Општина Аеродром во Скопје, потврдија за МИА од МВР.

Од МВР потенцираат дека во 15:06 часот, возило „тојота“ удрило во жардињера на булеварот кај ТЦ „Бисер“ во Аеродром.

Екипите на брзата помош излегле на местото на несреќата, а возачот е пренесен за укажување на лекарска помош.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.