Во вторникот во 19.25 часот во СВР Скопје било пријавено дека пред казино на подрачје на Аеродром, по претходна расправија, настанала физичка пресметка помеѓу Т.М. од Скопје и нејзиниот поранешен 45-годишен партнер, при што таа употребила остар предмет и му нанела повреди.

Од МВР велат дека остриот предмет бил пронајден и одземен и по целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.