Пронајдени две тела на починати лица мигранти покрај пругата во кумановското село Табановце, соопшти денеска полицијата која се уште врши проверки за утврдување на идентитетот.

Денеска во 15:42 часот во СВР Куманово било пријавено дека покрај железничка пруга во село Табановце, Кумановско, биле пронајдени две тела на починати лица-мигранти и сè уште се вршат проверки за утврдување на нивниот идентитет, соопшти СВР Куманово.

Екипа на кумановската полиција извршила увид на место на настанот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.