Врховниот суд ја уважи жалбата за притворот на таткото на Вања, Александар Ѓорчевски. Тој од Шутка оди во домашен притвор. На одлуката претходеше јавната седница во Врховниот суд. Ѓорчевски е осомничен дека помагал при грабнувањето на неговата ќерка и од декември е во притвор во Шутка.
Тој е еден од обвинетите за киднапирањето и убиството на неговата 14-годишна ќерка во ноември минатата година и од декември е во притвор, заедно со уште тројца други обвинети. Првообвинетиот Љупчо Палевски – Палчо е сè уште во екстрадициски притвор во Турција.
Врховниот суд на Република Македонија ја известува јавноста дека по одржаната јавна седница на ден 25.04.2024 година, Советот за казниви дела донесе Решение со кое жалбата на обвинетиот А. Ѓ., изјавена преку неговиот бранител Владимир Туфегџиќ, адвокат од Скопје, ја уважи, a решението на Апелационен суд Скопје КСЖ-320/24 од 02.04.2024 година, го преиначи на начин што определената мерка притвор против обвинетиот А.Ѓ. ја укина и за обвинетиот определи мерка куќен притвор и мерка на претпазливост“, соопштија од Врховниот суд.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.