Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје постапувајќи по предлогот на Основното јавно обвинителство – Скопје за продолжување на мерката куќен притвор за М.П., за кој постoи основано сомнение дека сторил кривично дело „насилство“, а поврзано со вербалниот и физички напад на новинарската екипа на ТВ 24, советот го прифати предлогот и ја продолжи мерката куќен притвор за 30 дена.

Воедно ја известуваме јавноста дека по поднесениот обвинителен предлог против осомничениот за наведениот настан, формиран е кривично – правен предмет со К.бр. 2489/22 кој согласно АКМИС – системот е распределен на понатамошно постапување, а откако ќе биде насрочена главната расправа, странките и јавноста ќе бидат известени, информираат од Основниот кривичен суд Скопје.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.