Вчера  во 16.10 часот во СВР Охрид било пријавено дека на регионалниот пат Охрид-Св.Наум, помеѓу Заливот на коските и с.Трпејца, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „сеат леон“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Б.Р.(36) од с.Трпејца и патничко возило „шкода октавија“ со германски национални ознаки, управувано од В.Т.(33) од Р.Германија.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничка од возилото „шкода октавија“, Ј.Л.(66) од Република Србија, а со телесни повреди се здобиле возачот Б.Р. и уште една малолетна сопатничка од возилото „шкода октавија“ констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид и Општата болница Охрид.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.